Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околку Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот изградија соларна електрана.
Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа. Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.
Новата соларна електрана, иако во моментов има ограничено производство, властите очекуваат да биде далеку поголема. Таа во иднина е планирано да се простира на 2.500 хектари и да има моќност од 100 мегавати.
Како предност на инвеститорите им се нуди ниската цена на земјиштето, како и директната поврзаност со електричната мрежа. Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, а по несреќата стотина илјади лица беа евакуирани од областа со површина од 2.600 квадратни километри.
Зоната оттогаш е забранета за живеење и нема да биде населена уште 24.000 години