Ознаката за пол за државјаните на оваа земја засега ќе остане само во нивните пасоши
Холандија ги исфрла ознаките за машки и женски пол од личните карти. Ознаката за пол за државјаните на оваа земја засега ќе остане само во нивните пасоши. Во графите за пол ќе има само крст. Досега крст се ставаше само кај луѓето што не одлучиле кој пол се – трансродовите лица. Но, како што пренесува порталот „Спутник“, бидејќи крвчињата ги навредувале нивните чувства, отсега тие ќе се користат за сите графи. Подоцна ќе исчезнат и самите полиња каде што се внесуваат овие податоци.
Планот е до 2024 година целосно да се укине споменувањето на полот во личните карти. Одлуката за отстранување на ознаките за полот во личните карти холандската либерална јавност ја слави како уште еден триумф на многу гласното малцинство на тамошните трансродови лица.
– Одлично е тоа што владата престана да регистрира што имаме во гаќите – вели Бранд Бергувер, шеф на холандското движење „Трасџендер јунион“.
Холандија беше првата земја во светот што ги легализира геј-браковите, откако ја легализира марихуаната. Набрзо потоа е донесена и одлука за легализација на трансродовите лица.
Промена на полот само со барање
Меѓутоа, на почетокот за официјална промена на полот беше потребна консултација со лекар и под негов надзор да се мине низ хормонска терапија и операција за промена на гениталиите, па дури потоа да се оди на суд со барање за издавање потврда за промена на полот.
Во Холандија во 2013 г. е усвоен закон според кој е можно пред судот да се побара промена на полот, со едноставна потврда од лекар во која пишува дека пациентот не го признава својот пол. Судовите автоматски ги одобрувале таквите барања. Тоа е првиот триумф на сексуалните малцинства. Со овој чекор Холандија се најде на самиот врв на држави со најголеми ЛГБТ-пријави.
Бројот на трансродови луѓе нагло се зголеми. Пред 2014 г. полот го менувале околу 80 луѓе годишно, а оттогаш по 700 секоја година. Сепак, во Холандија бројот на трансродови лица е најстрога тајна.
Поучна е состојбата во Велика Британија, каде што неодамна се разговарало за можноста за промена на полот, исклучиво по барање, без некакви операции претходно. Во оваа земја од 2017 година во затворите имало 125 трансродови лица, а 60 се осудени за долгогодишни казни поради сексуални напади. Половината од нив биле во затвор поради злоупотреба на деца. Барајќи промена на полот, овие криминалци планирале да се преселат во женските затвори, каде што условите се многу полесни, а опкружувањето попријатно.
Повеќето луѓе и во Велика Британија и во Холандија машкиот го менуваат во женски пол.
Правни дилеми
Но факт е и дека ширењето на бројот на трансродови лица во општеството генерира различни правни судири. Дали би требало сега да им се дозволи на овие лица пристап до женските тоалети, влез во сауните и соблекувалните? Како да се занимаваат со спорт? Треба ли, на пример, да играат фудбал во машка или во женска лига? Дали мажот што себеси се прогласил за жена има право да биде со жени во болничка соба, хостел или во затворска ќелија? Што ако бившиот маж зад себе има обвиненија за силување? Исто така не е јасно како да се регулира комуникацијата на бившиот маж со децата и со малолетниците доколку одлучи да заработи дополнителна сума пари работејќи во некое училиште или во детски камп?
Во Холандија на „новопечена“ жена фудбалер ѝ е дозволено да игра во машки фудбалски тим од највисок ранг.
Заштита на биолошките жени
И по сето ова што е наведено, во оваа земја веќе се отвора прашањето дали не е време со закон да се заштитат биолошките жени. Сепак предноста, барем засега, е кај сексуалните малцинства.
– Во Холандија веќе се тестираат најбизарни модели на општествени односи, кои за во блиска иднина се осмислени така што личноста ќе ја претворат во асексуално, анационално и несемејно суштество, лице што е атомизирано, параноично, обземено со сексуална различност и со самоубиство – се наведува во написот објавен на порталот „Спутник“.