Оваа девојка тврди дека интензивниот тренинг не е пресуден за витка линија.
Камила Акергерг е 27-годишен модел и личен тренер со многу необични правила во исхраната. Секое утро во 5:30 оваа девојка пие “магична напивка”, јаде седум пати на ден и кардио вежби прави минимално.
-Ако сакате да изгубите телесна тежина и да имате тонирано тело, не треба да правите интензивни кардио вежби пет пати неделно. Всушност, доколку немате добар обем на мускулите, со овие вежби ќе добиете слаб, а не тониран изглед- вели Камила.
Нејзината препорака за совршено тонирано тело е подигнување тегови и моќни тренинзи. Кога станува збор за исхрана, смета дека треба да јадете здраво и да не исфрлате одредена група на храна од менито.
-Луѓето грешат кога мислат дека треба јадат само салата и да пијат вода за да стигнат до посакуваната цел. Важно е дека исхраната да е избалансирана и нутритивно разноврсна, тоа е важно за долгорочни резултати. Треба да се јаде свежо овошје, зеленчук, добри јагленохидрати, здрави маснотии “- објасни таа, додавајќи дека храната со масти всушност и помогнала да ја изгуби телесната тежина.
Постојат студии кои покажале дека конјугираната линолова киселина всушност помага во губењето на масти. Таа помага да ја намалите консумацијата на калории, го забрзува согорувањето на мастите и го спречува таложењето на мастите во телото.