Мрежата „Еј-ти и Ејч-би-о“ доминираше на доделувањето на наградите „еми“ со 30 освоени признанија, вклучително и за најдобра драма „Сукцесија“, додека „Епл“ ја однесе својата прва награда, објави „Ројтерс“. „Нетфликс“, кој на церемонијата се појави со рекордни 160 номинации, освои 21 награда.
Кабелската мрежа „Поп“, во сопственост на „Виаком Си-би-ес“, ја освои главната награда за комедија за необичната серијата „Считс крик“, која ги преплави категориите комедија и собра вкупно девет награди.
„Ејч-би-о“со години доминираше на „еми“ со хитовите „Сопранови“, „Сексот и градот“ и „Игра на тронови“. Пред годинешната церемонија, таа беше најнаградувана ТВ-мрежа во 17 од изминатите 18 години. Исклучок беше 2018 година, кога „Нетфликс“ и „Ејч-би-о“ се изедначија со победите.