По утрешниот концерт на „Електрични оргазам“, в сабота во рамките на фестивалот „Скопје колинг“ ќе настапат „Плутос даутс“, „Фанк шуи“, „Фолтин“ и „Ласт експедишн“, додека неделата е резервирана за Бајага и Инструкотри, во придружба на хор и оркестар
Утре, задутре и в недела скопјани ќе имаат ретка прилика да присуствуваат на три музички настани, секој значаен сам за себе. Местото на случувањата е стадионот на АРМ во Градскиот парк, идеален простор за сите љубители на рок, поп и алтернативната музика, што ќе ни ја презентираат квалитени македонски и познати групи од регионот.
Најпрво утревечер концерт ќе одржи култната српска група „Електрични оргазам“, со кој бендот одбележува 40 години успешна музичка акриерта. В сабота ќе ги слушнеме учесниците на петтото јубилејно издание на фестивалот „Скопје колинг“, а в недела Бајага и Инструктори, ќе одбележат 35 годиешен јубилеј во придружба на македонски оркестар и хор со кој ќе диригира маестро Војкан Борисављевиќ.
На големата сцена под ведро небо ќе ги слушнеме „Плутос даутс“, како шармантни претставнци на скопската авангарда.
– Овој настан покажува декa потребата за убавина и социјална интеракција е поважна и поголема од кризата и им благодарам на организаторите што не собраа. Благодарност и до претставниците на медиумите што се овде и што ќе ја пренесат веста за овој настан – рече Дарко од „Плутос даутс“.
„Ласт експедишн“ ќе застанат на сцена по повеќегодишна пауза и ќе престават дел од стариот материјал, но и песни што ќе се најдат на нивниот нов албум што е во подготовка.
– Ќе се обидеме да отсвириме и една сосема нова песна, создадена деновиве, што ќе биде изнедување за публиката – најави Енко од „Последната експедиција“.
„Фолтин“ ќе ни престават најнова верзија на својот кабаре перформанс.
– Колку да е за некого излишна и непотребна кутлурата периодов, ние утревечер, заедно со публиката треба да докажеме дека е многу важна – рече Бранко Николов од „Фолтин“.
Меѓу учесниците се и експлозивните „Фанк шуи“, кои секогаш со нова доза на возбуда ни овоможуваат да уживаме во нивните настапи во живо.
– Се радувам што ќе ја делам сцената со групи со кои растев и се вљубовував и го замислиувава своето место на музичаката сцена – рече Лука Ѓоргиевски до „Фанк шуи“.
Музичарите додадоа дека за нив на креативен план не е важно дали е време на пандемија или не, бидејќи најубавите песни се напишани во најлоши моменти.
– Секогаш се пишуваат песни, ние короната не ја признаваме, но животот – да. Впрочем се е рокнерол – порачаа учесниците на петтиот јубилеен фестивал „Скопје колинг“, навестувајќи дека може да се случи в сабота и сите заедно да отсвират некоја песна. М.Т.