Третјаков постојано ја зголемувал својата колекција низ децениите, а неговата колекција се состоела од 1.287 уметнички слики и 518 други графички дела на руското сликарство. Во 1892 година, уметничките дела ѝ ги подарил на руската држава, а денес Третјаковската галерија поседува повеќе од 180.000 уметнички дела

Во 1856 година, московскиот првенец Павел Михајлович Третјаков купува неколку уметнички дела од истакнати руски уметници од средината на 19 век, со намера да создаде руска уметничка збирка, по примерот на западноевропските збирки. Третјаков постојано ја зголемувал својата колекција низ децениите, а во 1892 година уметничките дела ѝ ги подарил на руската држава, како руско културно и уметничко наследство.

Со овој чин биле поставени темелите на државната Третјаковска галерија, која денес е најзначајната ризница на руската уметност во светот.
Галеријата се наоѓа јужно од московскиот Кремљ, а фасадата на главната галерија е дело на рускиот сликар Виктор Васценов и е изработена во периодот 1902-1904 година, во стилот на руските сказни. Во текот на 19 век, галеријата постојано се проширува во соседните објекти, вклучувајќи и во црквата „Св Никола“ од 17 век.
Во 1985 година, Третјаковската галерија административно се обединува со Галеријата на современата руска уметност, во која се наоѓала уметничка збирка на социјалистичката реалистична уметност, меѓу нив се наоѓа и статуата „Железниот феликс“, како и споменикот „Млада Русија“.

Денес, Третјаковската галерија поседува повеќе од 180.000 дела, меѓу нив има уметнички слики, скулптури и предмети изработени од скапоцени предмети, создадени во периодот помеѓу 11 и 20 век.


Павел Михајлович Третјаков – покровител на уметноста и филантроп

Третјаков на 22-годишна возраст започнува да ги собира уметничките дела со намера да му го донира на градот Москва. Уметничките дела ги купува на аукции или директно од самите уметници. Понекогаш склучувал договори за цела серија уметнички слики, така, на пример, во 1874 година ја купува т.н. Туркменистанска серија, која се состоела од 13 уметнички слики и 80 скици, делата му припаѓале на Василиј Верешчагин.

Третјаков успеал да купи уметнички дела од многу истакнати руски уметници, меѓу нив биле Репин, Исак Левитан, Валентин Серов, Василиј Перов и др. Во 1874 година, Третјаков започнал да го гради објектот во кој имал намера да ја изложи својата колекција, а во 1881 година галеријата била отворена за посетителите.

Во 1892 година, галеријата заедно со уметничките дела ѝ била подарена на Москва, а во овој период колекцијата се состоела од 1.287 уметнички слики и 518 други графички дела на руското сликарство, како и 75 слики од западноевропски мајстори и 15 скулптури. Една година подоцна, галерија била именувана според Третјаков, кој наедно бил прогласен за доживотен управник и почесен граѓанин на Москва.