„Твитер“ со нови правила против дезинформациите поврзани со ковид-19
„Твитер“ прави чекор напред во борбата против дезинформациите за коронавирусот, а станува збор за воведување нови правила.
„Твитер“ ќе почне со додавање ознаки и сигнали на твитовите што содржат информации за коронавирусот што не одговараат на советите и знаењето на здравствените експерти. Новите правила важат и за твитовите поврзани со дезинформациите во медиумите, вклучувајќи и фотографии и видеа.
Од „Твитер“ претходно објавија дека ќе ги означуваат и отстрануваат оние дезинформации што може штетно да влијаат врз луѓето или да шират паника, а тоа вклучува теории на заговор и лажни вести.
Претставникот на „Твитер“, Јоел Рот, истакна дека новите правила ќе важат и за твитовите на светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што соопштија од „Твитер“, ќе се користат внатрешни системи за проактивно следење на содржините поврзани со коронавирусот, како и дека ќе се потпираат на доверливи партнери за да ги проценат ризиците што ги претставуваат твитовите.