Новиот паметен часовник на „Самсунг“ се грижи за вашето здравје
Новите паметни часовници „самсунг галакси воч4“ неодамна беа претставени пред јавноста. Часовникот доаѓа во две варијанти – „галакси воч4“ и „галакси воч4 класик“. Првиот е дизајниран во големини од 40 и 44 мм, а вториот од 42 и 46 мм. И двата се дизајнирани така што и по големина и по изглед можат совршено да се вклопат во вашиот стил.
Часовниците што само го мерат времето се минато, а „Самсунг“, со своите подобрувања, држи чекор со вашиот животен стил и се грижи за вашето здравје. Новите елегантни и впечатливи паметни часовници сега доаѓаат со низа опции што ќе ве воодушеват. Со ротирачки екран за полесна навигација, „галакси воч4“ е ваш личен асистент што ги следи внесувањето калории, преземените чекори, ги препознава вежбите што ги изведувате и ви дава дополнителен поттик да ги постигнете вашите поставени фитнес-цели.
Интересно е и тоа што оперативниот систем на овие часовници е создаден во соработка на „Самсунг“ и „Гугл“, а тоа е „Самсунг веар ОС“, кој обезбедува лесно поврзување со другите „самсунг галакси уреди“. Новите паметни часовници добиваат опции за натпреварување со пријателите и платформа за разговори во живо. На овој начин, нема да ви недостига мотивација, а за попрецизен извештај за тренинзите, има повеќе од 90 вежби што ги открива часовникот.