„Сони“ најави беспилотни летала „ерпик“
Компанијата „Сони“ ги најави своите беспилотни летала базирани на 3Р-технологија. „Сони“ произведува некои од најдобрите камери на пазарот, но сега ги открива плановите за „испраќање на тие камери на небото“, со вградување во нивните беспилотни летала. Јапонската компанија потврди дека влегува на пазарот на беспилотни летала со лансирање нов деловен оддел наречен „Ерпик“, кој официјално ќе почне со работа во првата половина на 2021 година.
„Ерпик“ ќе ја поддржува креативноста на креаторите на видеоснимки во најголема можна мера, а со тоа ќе претстави и ривал на компаниите ДЈИ и „Перот“. Деталите за брендот „Ерпик“ и неговите производи засега се чуваат во тајност, но познато е дека беспилотните летала ќе се базираат на 3Р-технологија, што е кратенка за „Реалност, реално време и далечински управувач“.
Се очекува беспилотните летала на „Сони“ да имаат моќни камери, но ќе треба многу напор за да се надминат можностите на беспилотните летала произведени од ДЈИ. „Сони“ веќе има оддел „Аеросенс“, кој е специјализиран за беспилотни летала дизајнирани за истражување, мапирање и снимање настани во живо.