Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн стапи во брак со заменик-шефот на неговото лично обезбедување Сутида на која ѝ ја додели титулата кралица, на само неколку дена пред неговото официјално крунисување, објавува британски „Гардијан“.
Веста за неочекуваната церемонија беше објавена преку кралскиот гласник, а подоцна на сите тајландските телевизиски канали се појави и снимка од свадбената церемонија. На снимката се забележува дека кралот е облечен во бела униформа, а Сутида во розева традиционална облека.
Некои странски медиуми во минатото излегуваа со вести за романтичната врска помеѓу кралот и Сутида, но палатата сѐ до овој момент немаше потврдено таква вест.
Маха Ваџиралонгкорн беше оженет и разведен три пати и има седум деца.