Промоција на книгата „Татковината во детските срца“ од Марија Таушанска ќе се одржи вечерва од 19.30 часот во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп. Книгата е резултат на проектот што е направен од деца, ученици од трето до деветто одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје, кои минатата учебна година, во заедничката анкета дале интересни, емотивни и прекрасни одговори на прашањето: „Што е татковина“?

Во книгата, издание на „Нова Македонија“ се застапени и триесетина песни на тема – Татковина, на познати македонски писатели за деца од сите генерации.

Книгата е илустрирана и со прекрасни фотографии на Александра Донева, насловната фотографија е на фоторепортерката на „Нова Македонија“, Маја Јаневска Илиева, а книгата графички ја уреди Владимир Хаџи Пулевски.

Гости на промоцијата ќе бидат и ученици од неколку прилепски училишта кои ќе цртаат и пишуваат за Татковината, како и музички таленти од овој град.

Ка.М.