Синоќа на плоштадот „Гоце Делчев” во Битола се одржа главниот музички настан од годинашното 17 издание на фестивалот „Битола отворен град”.
На отворената сцена на плоштадот настапи култниот белградски алтернативен рок бенд “С.А.Р.С.”, кои имаа речиси двочасовен настап.
И покрај облачното време С.А.Р.С. со својата музика ја воодушеви неколку илјадната публика, која го проследи енергичниот настап на овој бенд. М.М.