Дејвид Бекам проговори за несогласувањата што ги има со сопругата Викторија. Поранешниот фудбалер на Манчестер jунајтед откри дека модната дизајнерка Викторија Бекам не е „обожавателка“ на неговиот нов имиџ, пишува „Експрес“.
Дејвид Бекам откри дека тој и неговата сопруга Викторија Бекам неодамна изразиле разлики во мислењето околу неговото чувство за мода. Поранешниот професионален фудбалер го споделил признанието во врска со несогласувањето на двојката, објавувајќи фотографии на Инстаграм, на кои тој е облечен во џемпер со силно изразени бои.
Откритието на Дејвид за реакцијата на Викторија околу неговиот џемпер доаѓа откако поранешната ѕвезда на групата „Спајс грлс“ му се потсмевала додека уживале во заедничка прошетка.
Косопственикот на фудбалскиот клуб Интер Мајами објавил фотографија на својот инстаграм-профил на која е со сопругата, која го критикувала и за неговиот избор на накит.
Викторија носела темна маица без ракави и бејзбол капа, додека Дејвид носел маица со аплицирана фотографија од серијата „Пријатели“ и долг синџир.
„Убав ѓердан“, напишала Викторија саркастично во делот за коментари пред да додаде „супер смело!“.
И покрај неодобрувањето на неговата сопруга, sвездата на „Пријатели“, Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг во телевизиската серија, бил импресиониран од маицата на Дејвид.
Бекам на маицата ја има има познатата сцена од серијата каде Џои, кој го играше Мет Ле Бланк, му се одмаздува на Чендлер со тоа што го носи секое негово парче на облека.
Метју ја споделил таа фотографија на Дејвид и Викторија на својот инстаграм-профил со пораката „овој човек има навистина добар вкус. Кој и да е. “