Една од значајните причини за високата стапка на смртност од новиот коронавирус е недостиг од витаминот Д. Оваа хипотеза била изнесена од експерти од болничкиот фонд на кралицата Елизабета Втора и од Универзитетот во Источна Англија. Според истражувачкиот портал „Рисерч сквер“, научниците ваквата зависност ја поврзале со набљудување на жителите на 20 европски држави погодени од ковид- 19.
Притоа било забележано дека пензионерите имаат сериозна потреба од овој витамин. Оваа состојба е особено забележлива во Шпанија и во Италија, најголемите жаришта на епидемијата во Европа.
Витаминот Д го одржува нивото на фосфор во крвта, ги штити срцето, бубрезите и кожата, истовремено зголемувајќи го имунитет и спречува мускулна слабост. Неговиот недостиг е предизвикан од слабата изложеност на сонце, но може да се третира со земање витамини во форма на таблети.