Деветмина млади од цела Македонија се во трка за титулата на петтото „Ново име“, па затоа е важен секој глас. Победникот, како и досега, ќе добие финансиска поддршка во вредност до 2.500 евра за унапредување на својот талент.
Повеќе податоци за учесниците, кои имаат талент за: наука, култура, уметност или спорт, можат да се прочитаат на сајтот novoime.mk, а гласањето трае до крајот на месецот.
Најновите податоци во врска со активностите можат да се следат и на социјалните мрежи Фесјбук и Инстаграм, каде што може да се прочита каква е целта на овој проект и за правилата за учество. Во прашање е платформа, шанса за сите млади од 16 до 30 години, од цела Македонија, кои имаат желба да претстават свој талент од споменатите области и врз основа на својата пријава да се изборат за можност да добијат награда за остварување на својот сон, своите желби, своите големи визии.
Проектот „Ново име“ во целост го поддржува компанијата „ХТЛ Македонија“ и брендовите членки на групацијата „Новоматик“. Веќе се избрани четворица млади, па сега друштво на победниците го сочинуваат: Сандра Туфеска, талент за цртање, Влатко Иљачев, кој сака да се пробие со својот глас, Антониј Ристески, талент за музика, како и дуетот Викторија Симеонова и Славица Минова.
Кој ќе биде петтото „ново име“, јавноста ќе дознае веќе на 1 септември, кога ќе биде отворен и повикот за испраќање пријави за наредниот, шести циклус на проектот.