Објавена листата за 2021 година

Меѓународниот медиумски бренд ја искористи својата мрежа на уредници од целиот свет, а анкетира и околу 27.000 лица, за да ја состави листата на најдобри градови на планетата. Притоа беа земени предвид ноќниот живот, рестораните и културните настани на секој град, како и чувството за урбана заедница што е можеби поважно од кога било по пандемијата на ковид-19, пишува „Си-ен-ен“.
Исто така, беа разгледани иницијативите на градовите за заштита на животната средина, нивната посветеност кон активизмот и општата пријателска наклонетост. „Тајм аут“ го избра Сан Франциско за најдобар град, поради нивниот одговор на пандемијата и поради една од највисоките стапки на вакцинација во САД. Дури и во услови на строго затворање, жителите на Сан Франциско најдоа начини да се поддржуваат едни со други. На второ место на оваа листа се наоѓа холандската метропола Амстердам, потоа градот во северна Англија Манчестер, данското велосипедско светилиште Копенхаген и културниот центар Њујорк, со што се заокружуваат првите пет на листата на „Тајм аут“.


Списокот на „Тајм аут“ со 10 најдобри градови:

Сан Франциско,
Калифорнија, САД
Амстердам, Холандија
Манчестер,
Велика Британија
Копенхаген, Данска
Њујорк, САД
Монтреал, Канада
Прага, Република Чешка
Тел Авив, Израел
Порто, Португалија
Токио, Јапонија