Роман Полански најави тужба против Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) откако беше исфрлен од оваа организација, пренесе Би-би-си.
Имено, режисерот на „Пијанист“ од 2002 година и глумецот Бил Козби беа исфрлени заедно во мај минатата година.
Адвокатот на болниот Полански неодамна изјави дека овој популарен филмски
работник бил исфрлен без предупредување и оти немал шанса ништо да одговори.
Од Академијата подоцна изјавија дека отстранувањето на оскаровецот од организацијата било фер и оти нема да ја поништат одлуката.
– Постапките за протерувањето на Роман Полански беа чесни и разумни. Академијата стои зад секоја своја одлука – стои во соопштението на АМПАС.
Роман Полански призна дека имал секс со 13-годишно девојче во 1977 година, а подоцна избега од САД, бидејќи се уплашил дека спогодбата за признанието на вината ќе биде укината.