Полицијата забележала слон што се движел во американското гратче Весттаун, на патот во близина на Њу Џерси, во неделата, пишува „Ју ес еј тудеј“.
Слонот (44) заминал од својот дом одејќи кон засолништето за животни што се наоѓа во градот Минисинк, изјавил за полицијата 38-годишниот Вилијам Лајн.
– Слонот е донесен како младенче во САД, а бил изгорен за време на виетнамската војна. Одговорното лице од засолништето за животни го прашувало слонот „каде си тргнал?“, и му кажал „врати се дома“ – изјави Стивен Невел, портпарол на државната полиција.
– Беше неверојатно дека по разговорот слонот се свртел и се вратил назад по истиот пат, каде одговорните лица ја обезбедиле шталата – изјавил Невел.
„Никогаш не е досадно”, објавила полицијата на Фејсбук, за инцидентот.