Опра Винфри, Џулија Робертс и поранешниот американски претседател Џорџ Буш ќе бидат меѓу 200-те познати учесници во 24-часовниот глобален настан за изразување поддршка, што ќе се емитува на Интернет во живо, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.
Настанот „Повик за обединување“ ќе започне во петок во 14 часот, со настапи и разговори за надминување на предизвиците во пандемијата на коронавирус. Организаторите на настанот се надеваат дека учесниците можат да помогнат и да ги инспирираат луѓето.
На настанот се очекува да учествуваат и Квинси Џонс, Џенифер Гарнер, Комон, Марија Шрајвер, Ева Лонгорија, Наоми Кембел, Аланис Морисет…
Секој учесник ќе одговори на повикот на свој начин, преку изведување песна, споделување на своја приказна или преку молитва.
Настанот ќе се пренесува во живо и на Фејсбук, Јутуб и на Твитер.