Романтичната врска на легендарниот кантавтор Леонард Коен и Мериен Ихлен е тема на новиот документарен филм „Мериен и Леонард: Зборови на љубовта“, што треба премиерно да биде прикажан во текот на летото, а неодамна беше објавен првиот трејлер.
Режисер е Ник Бромфилд, кој е автор и на документарниот филм „Курт и Кортни, Витни: Можам ли да бидам јас“, а во кината треба да се појави на 5 јули.
Почетното видео се отвора со веста за смртта на Мериен Ихлен во 2016 година, по што следува читање на еден дел на љубовното писмо на Коен: „Најдрага Мериен, јас сум само малку зад тебе – доволно блиску да те фатам за рака“.
Коен починал за помалку од четири месеци по смртта на својата муза, на 7 ноември истата година.