Италијански национален парк воведува казни за качување по карпи во несоодветна облека
Италијанскиот национален парк Чинкве Тере, со пет рибарски места на бегот на Лигурија, воведува казни од 50 до 2.500 евра за оние кои носат несоодветни чевли за качување по карпи.
Парично ќе бидат казнети сите туристи кои ќе носат сандали или апостолки.
Управата на Националниот парк Чинкве Тере почна кампања за јавно информирање чија цел е да ги предупреди туристите да не се качуваат по карпите во несоодветна облека.
Кампањата почна откако припадници на службата за спасување се пожалиле дека во последно време од шумските стази спасуваат лошо подготвени и несоодветно облечени посетители.
Секаде во околината ќе бидат поставени постери и летоци на кои ќе биде објавена висината на паричните казни, а на интернет страниците на кои заинтересираните ќе можат да купат карти за посета на пешачките стази, ќе бидат објавени јасни предупредувања.