Нил Јанг го тужи американскиот претседател Доналд Трамп за кршење на авторските права поради употреба на две негови песни во она што уметникот го нарекува „кампања на незнаење и омраза“. Јанг вчера ја објавил копијата од тужбата на својата веб-страница. Судските записи покажуваат дека тужбата е поднесена дента во Јужниот округ на Њујорк, пренесува „Индипендент“.
Нил Јанг поднел тужба против Трамп поради користење на неговите песни во политичката кампања. Тужбата се однесува на песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“, користени на неодамнешниот собир во Тулса.
Нил Јанг го тужи американскиот претседател Доналд Трамп за да спречи пуштање на неговите песни за време на претседателските избори во ноември.
– Организаторот на кампањата нема и немаше дозвола или каква било согласност за време на митингот во Тулса да се користат песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“ на кој било јавен политички настан – пишува во тужбата на Јанг.
Музичарот Јанг бара „со закон пропишана отштета во максимален износ законски утврден за намерно кршење на авторските права“.