Како да се ослободите од тврдокорниот целулит
Некои жени целиот живот се борат против целулитот, а притоа не постигнуваат никакви резултати. Причина за тоа би можела да биде генетиката, а тоа значи дека никаква исхрана или физички вежби не помагаат. Сепак, има неколку начини како да го намалите целулитот и да го обликувате задникот.
Длабинска масажа со посебен вакуум-апарат и валјаци. Дерматолозите велат дека може да помогне за подбра циркулација и за подобар изглед на кожата. Единствениот проблем е што ефектите не траат долго, па морате да одите на третмани барем еднаш неделно, а тоа чини.
Специјални креми. Нема стопроцентен доказ за нивната ефикасност, но можат да помогнат кожата да изгледа поцврсто.
Радиофреквентни апарати. Истражувањата покажаа дека тие се доста ефикасни во намалувањето на целулитот. Кај сите биле забележано дека го намалиле обемот на колковите за 50 отсто, а состојбата со целулитот била подобрена за 25 проценти.
Професионални третмани. Според дерматолозите, тие можат да имаат најголем ефект при намалување на целулитот, а еден од најкорисните третмани е субцизијата. Тој ги разбива цврстите ленти што го предизвикуваат целулитот.