Намирници што ги прикриваат подочниците
Има многу причини за појавата на подочници: стрес, недостиг од сон, хормонални промени, но не е секогаш потребно да се купуваат скапи кремови за да се прикријат. Можете да ги искористите артиклите што ги имате дома.
Краставица: најдобро ја ублажува отеченоста и ги прикрива подочниците. Исечете две резанки, ставете ги во фрижидер, каде што треба да стојат 30 минути. Потоа ставете ги под очите и почекајте 10 минути. Измијте го местото со млака вода. Овој метод може да се применува двапати дневно, а ќе изгледате многу посвежо.
Домат: содржи ликопен, антиоксидант што прави чуда со кожата. Резанките се исто така ефикасни. Можете да измешате исцеден домат со многу малку сок од лимон, да натопите памук со тоа и да го ставите го под очите. Местото измијте го по 10 минути. Исто така редовно пијте доматен сок.
Компир: тој е извор на витамин Ц, ѝ го враќа сјајот на кожата и ги брише подочниците. Направете сок од компир и ставете го на претходно споменатиот начин.
Бадемово масло: има висока концентрација на витамин Е. Маслото полека нанесете го под очите и оставете го да дејствува цела ноќ, а утрото измијте го местото.