Четвртата сезона на популарната македонска телевизиска серија „Преспав“ ќе почне да се емитува на програмата на МРТ1 на 18 декември. Гледачите ќе можат да проследат нови 20 епизоди, кои според трејлерот ќе бидат најоткачени досега. Инаку, актерската екипа останува речиси непроменета и во главните улоги ќе ги видиме: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели.
Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо ѝ се придружуваат на главнaта актерска екипа. Секако, ќе се појават и нови ликови и гости во „Преспав“, а од најавата е јасно дека во некоја од наредните епизоди ќе ги видиме и Сашко Коцев и гостите од Србија, Никола Којо и Анѓелка Прпиќ.
Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи и јубилеј – емитување на 100-та епизода.