Најдолгата „улица“ на светот по која без прекин би можеле да пешачите се протега од Кејптаун, Јужна Африка, до Магадан, Русија. На овој пат се изградени мостови преку реките, така што нема да морате да патувате со брод или со авион. Маршрутата е долга нешто повеќе од 22.000 километри, а лицето што ќе ја следи ќе помине низ 16 држави и шест временски зони. Она што е интересно е тоа што патникот на ова патување ќе ги доживее сите годишни времиња и временски услови во светот.
Според гугл-мапите, пешачењето по оваа „улица“ би траело 5.000 часа, односно 187 дена, но без прекин. Сепак, ако претпоставиме дека просечно се поминуваат пеш по осум часа на ден, без ден одмор, патувањето ќе трае 562 дена.
Во текот на патувањето би се качиле на 117.693 метри надморска височина и би се спуштиле на 117, 68 метри, што одговара на должината на 13 искачувања и спуштања на Монт Еверест.
Од едната до другата точка би пропатувале низ следните земји: Јужна Африка, Јужен Судан, Грузија, Боцвана, Јордан, Турција, Русија и други.