Наследниците на американскиот музичар Принс ги тужат синџирот аптеки „Волгринс“ и болница во Илиноис тврдејќи дека можеле да ја спречат неговата смрт во 2016 година доколку му била поставена точна дијагноза и го лечеле правилно.
Во тужбата стои дека лекарот и болничкиот фармацевт не го испитале случајот како што треба и не се осигурале дека популарниот пејач ги има сите информации и најдобриот медицински совет.
Шест наследници на Принс тужат и двајца аптекари на синџирот „Волгринс“ дека непрописно му издале лекови на пејачот.
Принс беше најден мртов во неговиот дом во Пејсли Парк во близина на Минеаполис на 21 април, 2016 година.
Официјалната причина за смртта беше предозирање со фентанил, супстанца што е 50 пати помоќна од хероин.
Смртта на мегапопуларниот музичар кој одржуваше имиџ на чист и вегански стил на живот го шокираше светот.