Неверојатни факти поврзани со многу јадења
Медот е вечен
Недостигот од вода, киселост и присуство на водород пероксид го прават медот храна што нема рок на траење. Така, на пример, медот што го пронајдоа археолозите во античките египетски гробници сè уште може да се јаде.
Можно е да се испржи јајце на асфалт
Ако температурата достигне 70 Целзиусови степени, може да се испржи јајце на асфалт. Но експериментот на Роберт Вок, чии детали ги објави во книгата „Што му рече Ајнштајн на својот готвач: објаснетата наука за кујната“, покажа дека сѐ зависи од составот на асфалтот.
Кинезите јаделе јуфки пред 4.000 години
Едно од омилените јадења во светот, некогаш било специјалитет на северозападна денешна Кина, за што сведочи и сад со јуфки пронајден околу три метри под земја. Хуџуан Лу од Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науките изјави дека тоа се најстарите јуфки пронајдени на Земјата.
Од путер од кикиритки може да се направи дијамант!
Дан Фрост од Геоинститутот во Баерн, Германија, работеше напорно за да ги реплицира сложените кристални структури што може да се најдат во долната мантија на Земјата. Тој сметаше дека процесот може да извлече јаглерод диоксид во реакција што извлекува кислород и – поради високи притисоци – исфрла јаглерод надвор во форма на дијаманти. Премногу ослободениот водород го уништи експериментот, но тој успеа да направи дијамант од путер од кикиритки!
Во Јапонија може да се купи лубеница во форма на срце
Како и во целиот свет, во оваа земја на Далечниот Исток лубеницата е еден од најпопуларните летни плодови, а Јапонците ја користат и во играта на суикавари, во која овој зеленчук се користи како пината. Сепак, тоа не е најинтересното нешто за лубениците во Јапонија: некои од нив се толку убави што воопшто не ги јадат. Станува збор за лубеници во форма на пирамида и срце, кои се одгледуваат во специјални калапи.