Јаболков оцет против холестерол, висок притисок, дијабетес…
Иако другите видови оцет, какви што се белиот, балсамико и црвениот вински оцет, се користат главно во кулинарството, јаболковиот оцет се користи, пред сѐ, во здравствени цели. Хипократ рекол дека Старите Грци го користеле како лековит тоник, а американските војници против лошо варење, воспаление на белите дробови и скорбут.
Дијабетес: можеби најинтересен аспект на јаболковиот оцет е можната здравствена корист врз нивото на гликоза во крвта. Прелиминарните студии на истражувачите од Универзитетот во Аризона, САД, откриле дека земањето две лажици јаболков оцет пред спиење има поволно влијание на нивото на гликоза во крвта наутро.
Висок холестерол: студија од 2006 година покажала дека глувците хранети со оцетна киселина имале значително снижени концентрации на вкупниот холестерол и триглицеридите. Се прават тестирања за влијанието врз здравјето на луѓето.
Крвен притисок: според прелиминарните студии, оцетната киселина во оцетот може да помогне да се намали притисокот. Истражувањата покажуваат дека може да го зголеми нивото на азотен оксид, соединение во телото што ги опушта крвните жили.