Како да се ослободите брзо од лутина и бес
Понекогаш има ситуации поради кои чувствуваме бес до таа мера што ни изгледа дека ќе „пукнеме“. Но неколку совети може да ви помогнат брзо да се ослободите од лутината и од секојдневниот стрес.
Вежбање: не е важно за каква физичка активност ќе се одлучите, пронајдете ги вежбите што најмногу ви одговараат, а кои ќе овозможат брзо и ефикасно да се ослободите од лошите емоции. Едни креваат тегови, други вежбаат, јога или медитираат, трети трчаат, изборот е ваш.
Запишување на чувствата: тоа е одличен начин да се ослободите од негативната енергија.
Длабоко дишење: на тој начин ќе ги намалите хормоните на стресот. Според клиниката „Мајо“, вежбите на дишење се корисни, бидејќи кога се чувствуваме луто, нашиот мозок на телото му дава сигнали дека е во криза. Со забавувањето на дишењето, го потсетуваме мозокот дека сме на сигурно.
Чистење: неуредниот простор понекогаш може дополнително да ни го влоши расположението. Значи, за да ги ублажите негативните емоции, измијте ги садовите, направете генералка дома или едноставно наредете ги алиштата во плакарот.