Засладените напивки предизвикуваат кардиоваскуларни болести
Жените што пијат една или повеќе засладени напивки дневно имаат за 20 отсто поголеми шанси за развој на кардиоваскуларни болести, тврдат истражувачите.
Во споредба со жените што никогаш не консумираат газирани пијалаци, засладена минерална вода и овошни сокови со додаток на шеќер, оние што пијат две-три такви напивки дневно имаат за 26 проценти поголеми шанси за затнување на нивните артерии. Исто така, за 21 отсто се поголеми и шансите за мозочен удар.
– Наша претпоставка е дека шеќерот може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања на неколку начини. Тој го зголемува нивото на гликоза и концентрацијата на инсулин во крвта, а тоа може да го зголеми апетитот и да доведе до дебелеење, што е главен ризичен фактор за болести на срцето – вели авторката на истражувањето Шерил Андерсон.
Обемното истражување опфати повеќе од 106.000 жени на возраст од 52 години, на кои не им било претходно дијагностицирано срцево заболување, мозочен удар или дијабетес.