Австралиската актерка Маргот Роби ќе учи да свири бенџо, а инструктор ќе ѝ биде Маркус Мамфорд, лидерот на бендот „Мамфорд“.
Маргот, позната по улогата Харли Квин од „Одред самоубијци“, го купи музичкиот инструмент додека се самоизолира дома среде пандемијата на коронавирусот, а кога своето ново хоби ѝ го откри на актерката Кери Мулиган, таа ѝ ги понуди услугите на сопругот Маркус Мамфорд – лидер на британскиот фолк-рок бенд „Мамфорд енд санс“ – како учител.
Во разговор со Кери за австралиски „Вог“, Маргот вели: „Излегов да си купам бенџо! Учам француски и помислив дека сега е вистински време да земам часови по бенџо затоа што отсекогаш сум го сакала тој инструмент“.
Додека Маргот (29) се зафати со француски јазик и со свирење, Кери, која има две деца со Маркус – Евелин (4) и Вилфред (2), рече дека сака да научи да плете за време на самоизолацијата.