Мадона продолжи да се забавува по повод својот 62. роденден во неделата и сподели доста невобичаена и смела фотографија за милионите следачи на Инстаграм.
Кралицата на попот седи на столче од црвено кадифе во цветен фустан и со загадочна насмевка на лицето, а во рацете држи послужавник со марихуана.
– Добредојдовте на Јамајка…- ја наслови објавата, во која беа додадени и неколку други фотографии од забавата на која присуствуваше и ќерка ѝ Лола (23), како и доста помладиот партнер, танчарот Ахламалик Вилијамс (25).