Животни

Лошиот здив кај кучињата може воопшто да нема директна врска со здравствени проблеми, но доколку станува збор за болест таа може да биде проблематична. Малку специфичниот мирис при приближување кон устата е природен и не треба да биде причина за загриженост. Меѓутоа, ако забележите дека мирисот е поинтензивен или се менува, во таков случај треба да го најдете изворот на проблемот и да го решите.

Првиот показател е храната. Неправилната исхрана, богата претежно со јагленохидрати, често резултира со непријатен мирис. Други причини може да бидат: воспаление на грлото или устата, заболување на непцата, проблеми со дигестивниот систем, заболувања на бубрезите, заболувања на црниот дроб, дијабетес, недостиг од превенција и оралната хигиена.

Препарати и витамини ќе ја подобрат состојбата. Ова решение е идеално ако кучето, според ветеринарот, е здраво и промената во исхраната не влијае на мирисот. Редовните посети на ветеринар и тестовите (вклучувајќи тестови за морфологија, урина и фекалии) се неопходни, како и миење на забите и редовно прегледување на устата.