Британската кралица Елизабета Втора денеска соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат самостоен живот и дел од своето време да го минат во Канада.
Кралицата во изјавата рече дека денешната средба на највисоките членови на кралското семејство, на приватниот имот Сендрингем, била конструктивна.
Таа додаде дека е договорен преоден период за време на кој војводата и војвотката од Сасекс ќе поминат време во Канада и Велика Британија, пренесе АП.
Кралицата истакна дека сè уште има проблеми што треба да се надминат, но дека тоа ќе се реши во наредните денови.
Кралицата Елизабета Втора (93) го повика внукот, принцот Хари, на вонреден состанок за да разговараат за идниот аранжман за него и неговата сопруга Меган, по ненадејната објава на двојката дека сака да се повлече од кралските должности.
На состанокот на кралскиот имотот на истокот од Англија, присуствуваа и таткото на Хари, принцот Чарлс, како и наследникот на престолот, неговиот постар брат, принцот Вилијам.