Кина го лансираше во вселената комуникацискиот сателит наречен „ChinaSat-6C“, пренесе агенцијата „Анадолија“ повикувајќи се на „Синхуа“.
Комуникацискиот сателит „ChinaSat-6C“, развиен од страна на кинеската Академија за вселенска технологија, е лансиран од Центарот за лансирање на сателити во Шичанг со ракетата наречена „Long March-3B“.
Сателитот, кој ќе овозможи комуникациски услуги од висок квалитет за телевизиите и радиостаниците , ќе ги опфати Кина, Австралија, Нов Зеланд и островите во Јужен Пацифик.
Кина го привлекува вниманието со своите проекти за вселената, а беше првата земја која го спушти беспилотното извидничко возило на темната страна на Месечината, посетува Анадолија.
Кина има за цел наредната година да го испрати своето прво извидничко возило на Марс, додека во 2029 година планира да испрати извидничка мисија на Јупитер.