Канје Вест ѝ се заблагодарува на својата сопруга Ким Кардашијан со зборовите „секогаш беше покрај мене“, за нешто помалку од една недела откако тврдеше дека се обидела да го „заклучи“, пренесува Скај њуз.
Неколку часа по посетата на Џастин Бибер, Вест јавно ѝ се извинил на сопругата Ким поради изнесувањето на нивните лични проблеми во јавноста, што е приватна работа.
– Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше покрај мене – напишал Вест на својот профил на Твитер.
Вест не објаснува за што конкретно се однесува извинувањето, бидејќи минатата недела тој објави твитови со обвинувања против неговото семејство, како што е тврдењето дека неговата сопруга се обидела го „заклучи“ и дека тој сака развод.
Ким објавила на социјалните мрежи дека е „немоќна“, објаснувајќи им на загрижените обожаватели дека нејзиниот сопруг има биполарно нарушување.