Едно село во волшебниот италијански регион Абруцо нуди возбудлива иницијатива, односно плаќа големи пари за секој што има желба да се пресели во селото и да живее „ла долче вита“. Со текот на годините, различни италијански градови продадоа куќи за по едно евро како дел од нивната политика за пренаселување и се грижат за старите и напуштени згради. Сега во селото Санто Стефано ди Сесанио тие имаат уште подобра понуда, која ги комбинира најдобрите од сите понуди и им нуди на луѓето до 45 илјади евра (околу 340 илјади куни) во грантови за да се преселат и да работат таму – а можеби дури и да започнат сопствен бизнис.
Санто Стефано ди Сесанио е средновековно село во италијанската област Абруцо, сместено среде планини и пасишта во националниот парк Гран Сасо е Монти дела Лага. Најблискиот голем град е Рим, на само два часа. Но во моментов, ова мало парче рај има само 115 жители – а 35 проценти од нив имаат над 65 години – така што селото сака да ја обезбеди следната генерација да продолжи да живее во него. Постојат само неколку барања за идните жители. Кандидатите мора да имаат најмалку 18 години, но исто така и да не бидат постари од 40 години.
Градскиот совет објави детали за новата иницијатива на својата веб-страница, велејќи дека таа е „насочена кон привлекување нови жители“ и дека неговата цел е „да се даде нов демографски поттик на областа“. Селото нуди грантови до 8.000 евра годишно (60 илјади куни) за три години, исплатени месечно – во вкупен износ од 24.000 евра. А за некој што сака да започне бизнис, Санто Стефано ќе понуди еднократна поддршка во износ од 20 илјади евра. Вкупно, грантовите може да изнесуваат до 45 илјади евра, и ако тоа не звучи доволно примамливо, тие нудат друга придобивка – тие исто така ќе ви обезбедат место за живеење по „симболична“ (читај: евтина) закупнина.
Иницијативата бара од апликантите да останат во местото најмалку пет години и да отворат деловна активност поврзана со неколку специфични области, како што се туризам, спорт, култура, чистење, одржување, управување со аптеки или маркетинг и продажба на локална храна.
Од отворањето на апликациите на 15 октомври, се пријавиле околу 1.500 лица. Рокот за пријавување е 15 ноември 2020 година.