Никогаш неотворен примерок од видеоиграта „Супер Марио Брос“ од 1985 година е продадена на аукција во САД за рекордни 114 илјади долари.
Од аукциската куќа „Херитејџ“, од Далас, Тексас, изјавија дека станува збор за продажба на најскапата видеоигра што некогаш била продадена на аукција во оригиналното пакување.
Таа ја зеде титулата за најскапа од неодамна продадената јапонска верзија на видеоиграта „Мега Мен“ од 1987 година, која се продаде за 75 илјади долари.
Јапонската компанија „Нинтендо“ ја претстави познатата игра „Супер Марио Брос“ за играчката гонзола Нинтендо ентертејнмент систем или Нинтендо во 1985 година.
Главниот лик Марио започна како мал човек од пиксели во бел костум, но оттогаш еволуираше во 3Д-икона на видеоигрите, инспирирајќи скапа франшиза, вклучувајќи и телевизиски серии и тематски филм.