Кучињата се домашни миленици, кои не само што им прават друштво на луѓето туку може и позитивно да влијаат врз нивното здравје. Веќе е познато дека кучето е најдобриот пријател на човекот, но две нови студии направени во Шведска и во Канада откриле дека луѓето што чуваат кучиња живеат подолго од оние што не го немаат овој миленик.
Според истражувањето, се открило дека кај постарите луѓе што живеат сами, но имаат куче, за третина постои помала веројатност да починат од срцев удар. Се покажало дека осаменоста кај повозрасните лица ја влошува целокупната здравствена состојба, не само поради тоа што не се задоволни и среќни туку се зголемува и ризикот од предвремена смрт и хронични заболувања.
– Ваквите студии не можат директно да докажат дека оној што чува куче има помалку опции од предвремената смрт, но тоа сигурно укажува дека кучињата имаат позитивен ефект врз целокупното здравје на една личност – рече д-р Глен Левин, кој во 2013 година објави студија за тоа дека кучињата позитивно влијаат врз здравјето на срцето на сопственикот.