Првенствено се пацифичките островски држави, кои, пред сè, воведоа строги мерки за да спречат евентуално доаѓање на вирусот на нивна територија
Иако звучи неверојатно во актуелнава ситуација, некои држави досега немаат регистрирано ниту еден жител заболен од коронавирусот. Податоците за некои држави, пак, варираат зависно од кој извор доаѓа информацијата.
На пример, во листата се вклучени Соломонските Острови, но некои извори имаат информација дека таму се забележани три случаи. Северна Кореја и Туркменистан се исто така на списокот, иако многумина се сомневаат во официјалната статистика на тамошните власти, Северна Кореја, инаку позната по својата затвореност, тајност и контрола, тврди дека досега не евидентирала случаи на заболени. Патем, тие ги затворија своите граници на 21 јануари и, наводно, спроведуваат строги превентивни мерки за сите оние што сѐ уште успеваат да ги преминат – на пример, карантинот трае еден или два месеца. И покрај ова, многумина сметаат дека поради фактот што се граничи со Кина, не е можно вирусот некако да не влезе во земјата. Туркменските власти исто така тврдат дека досега не се пријавени случаи на ковид-19, иако сите земји во нивната околина имаат заболени, вклучувајќи го и Иран. Се шири информација дека имаат строга контрола, дури и забраниле употреба на зборот „коронавирус“. Има држави што самоиницијативно се прогласија за „слободни од вирусот“, тука се вбројува Танзанија. Но нејзиното прогласување не се базира на статистика, туку на волјата на тамошните власти. Односно претседателот Џон Магуфули изјави дека „вирусот е исчезнат благодарение на божјите моќи“. Тоа го изјавил откако шест недели бројот на заболени заглавил на 509, односно не давале нова статистика на заболени.
Во прилог девет држави за кои, според досегашните достапни информации, се верува дека навистина немаат ниту еден заболен.
1. Палау
население: 21.685
Прекрасен рај на Пацификот (повеќе од 500 острови) на 800 километри од Филипините, познат по своите совршени можности за нуркање, кој е една од најмладите земји во светот и сè уште е слободен од корона. Едно лице еднаш се најде под сомневање и истрага дека е заразено со вирусот откако пристигна од Гуам, но на крајот се покажа дека е негативно. Тамошните власти го прекинаа целиот комерцијален воздушен сообраќај.
2. Микронезија
население: 102.436
Микронезија, пацифички архипелаг составен од најмалку 600 острови и познат по своите прекрасни атоли на корали, реагираше брзо и го забрани патувањето уште во февруари. Тие имале едно сомневање за инфекција кон средината на март, но се покажало дека станува збор за негативно лице.
3. Маршалски Острови
население: 77.917
Маршалските Острови, кои се состојат од пет острови и 29 атоли, можеби најпознати по т.н. бикини атол, кој се користеше за нуклеарни тестови, ги суспендираше сите врски на патниците со надворешниот свет. Тие, наводно, се добро подготвени бидејќи веќе се бореле со опасното ширење на денга-треската.
4. Науру
население: 11.000
Науру, земја толку мала што можете да ја преминете за еден ден, исто така е без вируси. Заедно со Тувалу, таа е една од најмалку посетените земји во светот. Само 200 туристи ја посетуваат секоја година.
5. Кирибати
население: 111.796
Кирибати, лоцирана помеѓу Австралија и Хаваи, е држава составена од 32 атоли и еден покачен корален остров, иако нема случаи на инфекција, прогласи вонредна состојба.
6. Тувалу
население: 11.342
Како Науру, тој е познат (исто така има околу 200 туристи годишно) како една од најмалку посетените земји во светот. Тоа во моментот е несомнено во нејзина корист. Патем, оваа четврта најмала земја во светот, рајските атоли источно од Папуа, Нова Гвинеја, еднаш ги затвори своите граници од страв од коронавирусот.
7. Самоа
население: 203.774
Тие претпазливо брзо се затворија и прогласија вонредна состојба. Тие исто така го прекинаа сообраќајот меѓу нивните острови. Обезбедија и средства од Светска банка за борба против вирусот ако дојде.
8. Вануату
население: 298.333
Островската држава, позната по тоа што се верува дека скокањето банџи потекнува оттаму, сè уште нема регистрирано случај на инфекција. Тие исто така воведоа многу строги мерки на заштита.
9. Тонга
население: 106.095
Тонга, која се наоѓа на двочасовен лет од Фиџи и се состои од 171 остров, воспостави многу строги правила за патување и откако Фиџи го забележа првиот случај, тие целосно ги затворија границите и им дозволија на странците да се враќаат во нивните матични земји. Тие исто така ги вратија своите граѓани од Фиџи во еден момент – летот беше ограничен на 60 лица, кои завршија во строг карантин во хотелот. Хотелот го чувала полицијата, па дури и патот на кој се наоѓал бил затворен. Се сомневаа во осум случаи на инфекција, но сите тестови беа негативни.