Џимиринките имаат сличен состав со чија-семето
Во последниве години чија-семето е неопходен дел од трпезата на секој што се грижи за својата исхрана и е одговорен за своето здравје. А џимиринките, кои со децении се присутни во нашата кујна, се прогласени за намирници што лошо влијаат на здравјето. Мора да признаеме дека просечната личност е доста збунета од спротивставените информации, теории, истражувања. Кога ќе се повлече линија, зеленчукот е составен дел на секој од препорачаните режими и секој ден сме изненадени од некои нови информации што пристигнуваат како резултат на некое ново истражување.
Но новото истражување донесе добра вест за љубителите на џимиринките. Омилениот гурмански деликатес за многумина, односно џимиринките се богати со протеини и масти и не содржат трошка јаглехидрати, поради што се добри за сите оние што држат диета без јаглехидрати.
Што е уште поинтересно, составот на џимиринките е сличен со моментално најпознатата здрава храна – чија-семе.
Имено, овие семиња се богати со масти, влакна, протеини, есенцијални минерали и антиоксиданти. Сигурни сме дека секој лекар ќе застане на страната на чија-семето поради високата калориска вредност и големиот дел маснотии што ги содржат џимиринките, но, сепак, новите студии покажаа дека џимиринките неправедно се обвинуваат за лошо влијание врз здравјето.