Сода бикарбона за поубави растенија во вашата градина
Содата бикарбона е едно од најмоќните средства што секој го има дома. Се користи за чистење и за дезинфекција на храна, па дури и за естетски цели, а исто така може да се користи и за грижа во градината. Содата бикарбона помага да се одржи здравјето на растенијата и за нивен подобар раст.
Се бори против габите на еколошки начин: во комбинација со сапун и вода, содата бикарбона може да спречи габични инфекции кај одредени видови растенија, грмушки и овошја. Едноставно прскање на растението со овој раствор може да го запре нивното ширење. Имајте на ум дека треба внимателно да ја набљудувате реакцијата на секое растение, бидејќи прекумерното прскање може да ги оштети.
Го намалува присуството на досадната лисна вошка. Лисните вошки се еден од оние инсекти што дефинитивно не ги сакате во вашата градина. Тие сакаат да ги јадат нежните стебла на растенијата, а притоа лачат слатка леплива материја, која привлекува мравки и предизвикува појава на црни габи. Овие габи влијаат на процесот на фотосинтеза.
Ги одбива мравките: како што веќе споменавме, содата бикарбона во комбинација со сапун помага да се спречи уништување на растенијата од лисни вошки.