Во интервју за „Гардијан“, Сузан Шнајдер Вилијамс, сопругата на Робин Вилијамс, изјавила дека сакала да сними документарец за последните денови на славниот актер затоа што, како што вели „имаше толку многу невистини за тоа што му се случилуваше на мојот сопруг“. Меѓу другото Сузан додала дека била „бесна“ што некои медиуми шпекулирале дека актерот пиел за време на самоубиството. Робин Вилијамс се самоуби на 63-годишна возраст во 2014 година.
Документарниот филм „Желбата на Робин” во режија на Тејлор Норвуд ја прикажува борбата со болеста во последните години од животот на холивудската ѕвезда Робин Вилијамс, во кој наратор е неговата трета сопруга Сузан Шнајдер-Вилијамс.
Во документарецот неговите соседи раскажуваат за љубезноста и приземноста на Вилијамс. Тој и покрај огромната слава и богатство живеел во тивко предградие, наместо во „затворената заедница во популарниот Лос Анџелес“.
Филмот ги следи и неговите чести посети на воените американски трупи во Багдад и начинот на којшто тој се идентификувал со американските војници, и покрај тоа што имале различни начини на живеење. Во него се прикажува и желбата да помага на луѓето, да ги забавува и насмее во тешките моменти.
– Причината што овој филм требаше да се сними е затоа што Робин заслужуваше многу подобро. Да ги потсети луѓето на сите убави работи што тој им ги подари. Сѐ што се мислело и претпоставувало за него и за крајот на неговиот живот не е точно – вели неговата сопруга.
Режисерот Норвуд раскажува дека бил исконтактиран од Шнајдер која сакала преку филмското платно да ѝ долови на јавноста со што се соочувал нејзиниот сопруг во последните години и мигови од неговиот живот и на тој начин да го одбележи споменот на актерот.
– Таа сакаше филмот да се сними за да се подигне свеста и можеби да им се помогне на другиот којшто страдаат од истите нарушувања како и Вилијамс, депресија, анксиозност и параноја. Едноставно сакаше да ги потсети луѓето кој всушност беше Робин – вели Норвуд.