Мерилин Монро, вистинско име Норма Џин Бејкер, е родена на 1 јуни 1926 година во Лос Анџелес. Ова се некои од најважните моменти што го обележале нејзиниот живот, а кои им се познати само на најголемите обожаватели
1. Не знаела кој е нејзин татко
Норма Џин поголемиот дел од детството го поминала во сиропиталиште и меѓу старателски семејства. Не знаела кој е нејзиниот вистински татко, додека нејзината мајка Гладис Перл Бејкер имала психички и финансиски тешкотии што ја спречувале да се грижи за девојчето.
2. Се омажила на 16 години
Таа се мажела трипати, а пред својот прв сопруг Џим Доерти го кажала судбоносното „да“ кога имала само 16 години. Тоа бил договорен брак и траел четири години. Џим се спротивставувал на нејзината желба да работи и да заработува свои пари, што на крајот довело до развод.
3. Го променила своето име во раните дваесетти
Лидерот на филмското студио „Фокс“, Бен Лион, ја советувал Норма да го смени името ако сака да стане позната. Тој ѝ го дал името Мерилин по истоимената популарна актерка во театарот во Њујорк, а таа го замолила да го додаде и презимето на нејзината баба Монро. Мерилин официјално го сменила своето име на 23 февруари 1946 година.
4. Направила операција на носот и на брадата
Со децении се шпекулира дека Мерилин Монро била подложена на пластична операција за да го разубави својот изглед. Поточно, дека направила операција на носот и на брадата. Овие информации беа потврдени во 2013 година, кога во Беверли Хилс беше организирана аукција на рендгенските снимки од нејзиното лице направени од нејзиниот пластичен хирург.
5. Беше првата жена на насловната страница на „Плејбој“
Мерилин Монро беше првата жена што се појави на насловната страница на списанието „Плејбој“, кое првпат беше издадено во декември 1953 година. Меѓутоа, Мерилин не позирала за магазинот, туку Хју Хефнер купил фотографија на која актерката била гола, претходно направена од фотографот Том Кели.
6. Џо Димаџо бил опседнат со неа
Мерилин се омажила за Димаџо на 14 јануари 1954 година. Ненадејниот брак со најпопуларниот играч на бејзбол во тоа време траел само девет месеци, а двојката се развела поради непомирливи разлики во нивните карактери. И покрај ова, Џо продолжил да ја сака целиот свој живот и се надевал дека еден ден ќе се смират.
7. Таа очајно сакала деца
Таа очајно посакувала да биде мајка, но среќата не била во нејзина корист. Во бракот со писателот Артур Милер имала два спонтани абортуси и вонматерична бременост.
8. Требало да биде Холи Голајтли
Труман Капоти ја сакал Мерилин Монро во улогата на Холи Голајтли од филмот „Појадок кај Тифани“, која ја направи Одри Хепберн култна актерска икона. Мерилин ја отфрлила улогата по препорака на нејзината наставничка по глума, која сметала дека не може добро да ја заврши работата.
9. Била љубителка на кучиња
За време на нејзиниот живот, таа обожавала кучиња и имала неколку миленичиња. Последниот миленик што го имала бил бел малтезер со име Маф (што било кратенка од Мафија Хани), подарок од Френк Синатра.
10. Обожувала да чита
Иако имала имиџ на „празноглава“ секс-бомба, Мерилин била многу интелигентна жена, која сакала да чита. Во нејзината приватна колекција се наоѓале околу 400 наслови, од кои повеќето биле вредни први изданија.