Американската актерка Глен Клоуз, која годинава ја доби седмата номинација за престижниот „оскар“, изјави дека се надева на наградата, но и дека нема да плаче ако не победи. Таа овој пат е номинирана за најдобра женска улога, за филмот „Сопругата“. Глумицата во изјавата натаму додава и дека не би сакала да добие „оскар“ од сожалување и дека, доколку не ја добие златната статуетка, јавно ќе изјави: „Јас сум в ред“. Во истата категорија се номинирани и Јалиција Апарисио за филмот „Рома“, Оливија Колман за „Миленичка“, Лејди Гага за „Ѕвездата е родена“ и Мелиса Мекарти за „Можеш ли да ми простиш?“.
Глен Клоуз (71) досега шест пати е номинирана за „оскар“ и ниеднаш не го добила. Годинешното, 91. свечено доделување ќе биде одржано на 24 февруари во „Долби театарот“ во Лос Анџелес.