Една од компаниите во сопственост на DHL почна да испорачува пратки со беспилотни летала, дронови, во јужната кинеска метропола Гуангџоу.
Дроновите со транспортни кутии тежат до пет килограми, а со експресната испорака покриваат површина од осум километри, помеѓу две станици.
Проектот за достава со дронови заеднички го водат DHL-Sinotrans и кинескиот производител на дронови EHang, што е прв случај каде меѓународната поштенска компанија работи на достави со дронови во Кина.
-Динамиката на брзорастечкиот кинески пазар го прави идеален за ваква услуга, вели Џек О’Нил, заменик-директор на DHL Express во Кина.
Линијата е поставена за потрошувачи во областа Сонгшан.
Дронот собира пликови со документи за клиентите два пати на ден, а често, доколку е потребно, ги доставува и во сервисниот центар на DHL.
Дронoт обврските ги завршува за осум, додека со автомобил за тоа би биле потребни околу 40 минути.