Дизајнерката на новиот накит на брендот „Булгари“, Луциа Силвестри, креираше накит инспириран од барокот. Како што објаснува таа, моделите се ода на Рим и на неговата величествена култура.
– Кога излегов од изолација почнав повеќе да го ценам Рим. Го откривав својот град и сето она што дотогаш го немав видено. Тогаш сфатив колку овој град е убав и колку сите ние во него сме страсно вљубени во животот – вели Силвестри.
Барокот како тема на колекцијата го избрала минатата година додека шетала низ римските улици.
– Шетав низ „Пјаца Навона“, беше празно и можев да го почувствувам секој дел од таа атмосфера. Ги запаметив сите барокни мотиви, геометриски точки и остри агли. Ги фотографирав фонтаните, зградите, црквите – вели таа.
Луциа Силвестри дополнува дека поентата на колекцијата е користење на металот за да дојдат до израз скапоцените камења. За изработката користев: смарагди, рубини, сафири, платина и дијаманти. Дизајнот е мошне елегантен, деталите и облиците се во безусловна хармонија – обjaснува дизајнерката.
Ѓерданот наречен „лејди арабеска“ е една од најдобрите креации на оваа колекција, на јувелирската куќа, која постои уште од 1884 година. Сите парчиња, кои се дел од колекцијата, се рачно изработени.
– Сметам дека убавиот накит поттикнува радост и уживање кај оној што го носи и затоа при изработката си дозволувам креативна игра – истакна Луција Силвестри.