Бритни Спирс изјави дека одвојува време да научи и да биде нормална личност откако новиот документарен филм „Портет на Бритни Спирс“ повторно ја отвори дебатата за нејзиниот живот, кариера и менталното здравје, пренесуваат медиумите.
Овој документарен филм во продукција на „Њујорк Тајмс“ неделава се емитува во САД и детално го опишува јавниот напад врз пејачката во 2007 година.
Документарецот го истражува медиумскиот третман кон американската поп-ѕвезда и нејзините законски аранжмани. Кариерата на Спирс останува во мирување додека таа се обидува да го отстрани нејзиниот татко Џејми од улогата на нејзин конзерватор.
Таа вчера сподели видео од нејзината изведба на хитот „Тоxic“ од пред три години, заедно со пораката до нејзините 27 милиони обожаватели на социјалните мрежи.
– Јас секогаш ќе сакам да бидам на сцената. Но, одвојувам време да научам и да бидам нормална личност. Сакам едноставно да уживам во секојдневниот живот – напишала 39-годишната Бритни Спирс.