Андреј и Викторија Вакрушева, брачен пар кој живее во селото Истинка, во близина на Санкт Петербург, Русија, изградил реплика на Кеопсовата пирамида, најголемата египетска пирамида во Гиза. За да биде поавтентична, тие ги направиле и подземните простории, како и саркофаг.
Според руските медиуми Андреј и Викторија биле фасцинирани од древниот Египет и често ја посетувале Кеопсовата пирамида, анализирајќи ја многу детално, по што одлучиле да направат реплика.
За изградбата на пирамидата биле потрошени 400 тони бетон, а внатрешноста се уште не е завршена. И покрај тоа парот веќе почнал веќе да им наплаќа на заинтересираните посетители да ја видат репликата на пирамидата.
Овој руски брачен пар веќе прави нацрти и проекти заправење на египетски храм кој ќе го поврзат со пирамидата преку подземен тунел.